Објавено на 18 Ноември, 2018 во Вести, Вести
Македонската А репрезентација го одржа официјалниот тренинг и прес конференција пред утрешниот дуел со Гибралтар од последното коло во групата од Лига на нации. Селекторот на нашата репрезентација Игор Ангеловски изјави дека треба да одиграме агресивно и сконцентрирано за да го потврдиме првото место во групата, а во отсуство на капитенот Пандев, Ангеловски вели дека сега тимот треба да одигра за него.
-Добро познат ни е стилот на Гибралтар. Претежно се ориентирани во одбраната и ја чекаат својата шанса преку контра. Јас и претходно кажав, не е важно со кого играме, туку за што играме, а тоа е потврда на првото место и домашно полуфинале во плеј-офот. Капитенот Пандев сигурно ќе ни недостасува, но тимот треба да одигра за него. Фаворити сме и иако можеби на некои мечеви не играме според посакуваното, но во второто полвуреме влегуваме подобро и победуваме. Би сакал Гибралтар да го „отвориме“ уште на почеток. Нема потреба од никаква нервоза, за да одиграме квалитетно мора да бидеме агресивни уште од почеток. Воопшто не размислувам на плеј-офот и неговиот противник, само на претстојниот натпревар., изјави Ангеловски.
Напаѓачот Иван Тричковски кој беше стрелец на голот за Македонија на првиот натпревар во Гибралтар вели дека нашата посветенот на натпреварот треба да биде на највисоко ниво.
-Не очекувам лесна победа. Гибралтар игра дефанзивно.Меѓутоа, очекувам посветеност од сите нас да биде на највисоко ниво. Само така ние може да направиме победата да биде полесна. Се стремиме да даваме што повеќе голови, но не е лесно со дефанзивни селекции да се игра така офанзивно и да се дава голови. Како и да е, имаме историска шанса да пласман за едно големо натпреварување и се надевам на што поголема поддршка и заедно со навивачите да славиме, изјави Тричковски.
Македонија и Гибралтар го започнуваат натпреварот утре во 20:45 часот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....