Објавено на 23 Март, 2019 во Вести, Вести
Вечерва во стадионот Стожице во Љубљана селекторот на Македонија Игор Ангеловски и репрезентативецот Стефан Ристовски се изјаснија пред присутните натпревари на официјалната прес конференција пред утрешниот наптревар против Словенија во квалификациите за Европското Првенство.
“Во Љубљана стигнавме со многу добра атмосфера откако одигравме одличен натпревар со Летонија. Утре не очекува нов натпревар, имавме време да се одмориме и подготвени влегуваме во дуелот со Словенија. Го знам тимот што ќе истрча утре, но нормално нема да го кажам сега, затоа што тоа најпрво ќе им го соопштам на играчите. Наша интенција е да влегуваме во овој меч со истиот пристап како во изминатите три години. Од тоа што сме анализирале Словенија има добар среден ред и напад, а и опасни контра-напади. Но ние ќе излеземе на терен да си ја играме нашата игра. Се среќаваат две добри репрезентации и очекувам натпреварот да биде неизвесен. Имаме позитивна атмосфера и очекувам тоа да го матријализираме утре на терен“, изјави селекторот Игор Ангеловски.
“Верувам дека ќе се покажеме во добро светло. Ќе се потрудиме да се вратиме со бод или бодови од ова гостување. Јас го познавам многу добро селекторот на Словенија, Кек, и сигурно дека тој сака многу да победи. Ќе биде ова добар натпревар. Ние долго време сме заедно што значи дека можеме да се носиме со секого. Сакаме да докажеме дека оваа генерација има квалитет да игра на големо натпрецарување како што е Европското Првенство“, вели Ристовски.
Поради повреда на воведниот натпревар на новиот квалификациски циклус во четвртокот против Летонија од списокот за настап испадна Ферхан Хасани, а селекторот Игор Ангеловски не се реши на негово место да повика друг играч.
Репрезентацијата на Македонија денеска предпладне го одржа и официјалниот тренинг на стадионот Стожице, каде утре од 20:45 часот против Словенија го играме вториот натпревар од новите квалификации за ЕП 2020.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....