Објавено на 07 Октомври, 2020 во Вести, Вести
На официјалната прес - конференција спроти утрешниот натпревар против Косово од полуфиналето во Лига на нации, позитивна атмосфера во нашиот табор. Игор Ангеловски, селекторот на нашата најдобра репрезентацијата, изрази уверување дека Македонија ќе биде на максимално ниво и подготвени за победа.
“Сигурен сум дека од нашите репрезентативци на овој меч ќе го видете најдоброто од нив. Овој натпревар Македонија го чека цели 30 години. Условите се невообичаени, но ние ќе се прилагодиме како целиот свет. Ќе одиграме максимално и во овие услови. Кажав дека мора да останеме со ладни глави. Меч, како и секој друг. Истиот пристап како и за сите така и за Косово. Самите се доведовме да бидеме во игра за ЕП. Добро знам што можат фудбалерите и дека тоа ќе го сторат. Наша задача е да се подготвиме за секое сценарио. Иако капитенот не е 100% подготвен овој меч се игра и на мотивација и на инспирација. Мислам дека ќе го дадеме максимумот. Нијансите се на наша страна, очекувам ние да одиме во финале“ истакна селекторот.
Капитенот Горан Пандев истакна дека за него ова е еден од најважните натпревари во кариерата. Упати благодарност до сите кои помогнаа да пристигне во Македонија и да се стави на располагање на тимот. Се надева дека со победа ќе го израдуваат нашиот народ.
“Благодарност до сите кои придонесоа да дојдам и да го одиграм овој натпревар. Значи од ФФМ па преку македонската амбасада во Италија голема благодарност до сите. Знаеме што носи овој натпревар. Имаме доста искуство, жално е што нема да има публика. Моја желба беше токму овој меч да го одигран пред публика, но што е тука е. Одиме на победа. Секако дека сум емотивен за овој момент, за овој меч. На овој народ му требааат вакви моменти и едно можам да ветам, дека ќе го оставиме срцето на терен за да го израдуваме македонскиот народ. Нијанси ќе го одлучат мечот, но ние се подготвуваме како и за сите мечеви”, изјави Пандев.
Полуфиналето против Косово е закажано за утре од 20:45 часот, а со евентуална победа во ноемврискиот репрезентативен прозорец нè чека финале на гости или кај Грузија или кај Белорусија.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....