Објавено на 23 Март, 2017 во Вести
Лихтенштајн - Македонија
Квалификации за СП 2018., Група Г
24. март 2017., 20:45
Стадион Рејнпарк, Вадуц.Македонската А репрезентација денеска пристигна во Вадуц, каде в петок игра против Лихтенштајн во пресметка од квалификациите за СП во Русија 2018 година. По сместувањето националниот тим имаше краток одмор, а потоа од 18:30 часот репрезентативците го одржаа официјалниот тренинг на „Рајнпарк“ стадионот. Предходно на официјалната прес конференција се појавија селекторот Игор Ангеловски и Горан Пандев кои уште еднаш оптимистички пред овој важен натпревар најавија дека ги очекуваат првите бодови од овие квалификации.
-Сите знаеме за нас што претставува утрешниот натпревар и од таа страна мислам дека одработивме добри подготовки и дека максимално подготвени ќе влеземе на овој дуел, се со цел да дојдеме до победата. Јас и на прес конференцијата кога се собравме кажав дека во фудбалот нема лесни противници, дека доколку сакаме да победиме мораме ние да бидеме на максимално ниво, на нивото што бевме и на минатите натпревари, но со една разлика, во оваа пресметка да запишеме победа. Доколку играчите го почитуваат договореното мислам дека шансите за да дојдеме до првата победа се големи, изјави селекторот Игор Ангеловски пред присутните новинари.
-Не очекува уште еден натпревар од овие квалификации, мислам дека одигравме ќетири доста добри натпревари, но за жал не освоивме ниту еден бод, исто како и Лихтенштајн. Мислам дека ова е голема шанса за нас да направиме пресвртница во овие квалификации. Сметам дека ако го добиеме утрешниот натпревар може да се надеваме на пласман и на четвртото место. Знаеме дека на овој натпревар нема фаворити бидејќи двете репрезентации немаат бодови во овие квалификации. Мислам дека сме поквалитетни, но само ако го дадеме максимумот,ако одиграме како што се договоривме и сите да ги испочитуваме задачите на селекторот. Ако одигравме како на последните натпревари, нема да имаме проблеми, изјави каптенот Горан Пандев.
Веднаш по прес-конференцијата, нашите фудбалери го одработија официјалниот тренинг на стадионот „Рајнпарк“.
Натпреварот
Лихтенштајн - Македонија се игра в петок во Вадуц со почеток од 20:45 минути.