Објавено на 01 Септември, 2017 во Вести, Вести
Македонската репрезентација го одржи официјалниот тренинг на „Сами Офер“ стадионот во Хаифа спроти утрешниот квалификациски дуел со Израел. Селекторот на нашата репрезентација Игор Ангеловски на прес конференцијата истакна дека постои голема желба за реванш по ланскиот пораз во Скопје, кога противникот се радуваше на победа по нашиот нереализиран пенал во последната минута.
- Во Скопје беше неизвесно, создадовме многу шанси, но победи гостинот. Се надевам дека утре ќе создаваме шанси, но и дека ќе реализираме. Верувам во овој избор на фудбалери. Изработивме добри подготовки и подготвени ќе влеземе во натпреварот со цел да оствариме позитивен резултат, изјави нашиот селектор.
Во овие квалификации загубивме многу бодови со примени голови во последните минути од натпреварите тој проблем треба да го разрешиме за да почнеме и со победи, вели капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев.
- Не очекува тежок натпревар, Израел е добра, квалитетна репрезентација. Во Скопје не заслуживме пораз, промашивме пенал во последните секунди. Мораме да го исполниме тоа што го бара селекторот од нас и само така можеме до добар резултат. Гледам дека во нашата јавност се размислува дека можеме лесно да го победиме Израел. Јас мислам дека мора да бидеме обединети и ако одиграме како тим можеме да го изненадиме противникот. Мора да играме концентрирано цел натпревар, но тактички на сите натпревари играме добро и се надевам дека утре ќе одиграме комплетен натпревар, вели Пандев.
Утре имаме шанса со победа над Израел во Хаифа да направиме пресврт во Г групата и да се вклучиме во битка за подобра позиција.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....