Објавено на 24 Март, 2021 во Вести, Вести
Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски и репрезентативецот, Бобан Николов на официјалната прес-конференција пред утрешниот натпревар против Романија во Букурешт ги истакнаа своите очекувања за првиот наш натпревар од квалификациите за Светското првенство.
Игор Ангеловски - селектор на македонската А репрезентација
- Најпрвин, наискрени желби за брзо опоравување од вирусот со Ковид - 19 до мојот колега од романската репрезентација. Ова се времиња кога мора да бидеме солидарни еден со друг и посакувам утре селекторот Радои да има негативен тест и да ја предводи својата репрезентација.
Ние имаме одредени проблеми со повредени и фудбалери кои недостасуваат, но за Македонија е најважно да функционираме како тим. Јас како селектор посакувам да ги имам најдобрите, но и во вакви околности ќе се обидеме да го извадиме максимумот од фудбалерите.
Ја респектираме романската селекција, имаат одлични фудбалери, но ние повтрдивме и во Лига на нации и во претходните квалификации дека можеме да се носиме со силни противници и не гледам причина да не биде така и утре.
Доаѓаме во една пријателска земја, носиме и емоции затоа што Букурешт ќе биде наш дом и на Европското првенство и верувам дека тоа ќе ни биде добар мотив за квалитетен натпревар. Утре со Романија ќе бидеме противници на терен, но Букурешт како наш дом за Европското првенство посакувам да ни ја даде сета поддршка во јуни. Посакувам како наш пријателски народ, романците да ни дадат безрезервна поддршка на ЕП. Сега смефокусирани на утрешниот дуел и желбата позитивно да ги стартуваме новите квалификации, изјави Игор Ангеловски на прес конференцијата.
Бобан Николов - репрезентативец
- Се радувам на можноста да се видам и да настапувам против моите поранешни соиграчи кои ги знам долго време, јас дојдов во Романија на 12-13 години. Но, и покрај тоа што сме одлични пријатели утре на терен ќе бидеме вистински противници и нека победи подобриот. Може да кажам дека сум среќен што Букурешт ќе биде и наш домаќин на Европското првенство, имам многу пријатели тука кои знам дека ќе бидат наша вистинска поддршка.
Бод од утрешниот дуел не би бил лош резултат. Романија ја носи фаворитската улога, но ние имаме свои цели и секако дека одиме на позитивен старт на новиот квалификациски циклус, изјави Бобан Николов.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....