Објавено на 08 Септември, 2020 во Вести, УЕФА Лига на Нации
Селекторот Игор Ангеловски и играчот Езѓан Алиоски после натпреварот со Грузија на кој одигравме 1:1, на прес конференцијата кажаа дека после лошиот почеток добро реагиравме и имавме доминација после која можеби требаше да постигнеме и втор гол, но црвениот картон на Муслиу не натера до крајот да се браниме.
“Ова беше тежок натпревар за двете селекции, тактички тешка, во ситуација кога игравме со играч помалку 30 минути освоивме бод, им честитам на моите играчи, покажаа карактер. Резултатски освоивме 4 бода, двата меча покажаа дека можеме да играме и во тешка ситуација, со играч помалку, задоволен сум, покажавме дека можеме. Сега следува полуфинале во плеј оф на Лига на Наци и подготвка за Косово, со ваков карактер сметам дека сме подготвени за наважното во годината“, изјави Ангеловски.
„Пеналот беше момент, една секунда, пад на концентрација… Не стигнав на време да блокирам! Но тој момент го поминавме, се вративме во игра и израмнивме. Но кога тргнавме на победа се случи црвениот картон. Задоволни сме од играта, од темпото… Двата меча кои се зад нас беа многу важни затоа што по 9 месеци сме заедно. Многу важни натпревари, многу добри резултати со кои се подготвуваме за дуелот со Косово. Нашиот таргет сега беше да освоиме минимум 4 бода на овие два меча. Сега на ред е Косово. Имаме шанси да ги победиме, сега тие се нашиот таргет“, изјави Алиоски.
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...
Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....