Ангеловски ги повика Барди, Зајков, Алексовски и Ангелов од У 21

Објавено на 15 Ноември, 2015 во Вести, Вести, До 21 год


Селекторот на најдобрата репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски повика четворица играчи од младата репрезентација за настап на пријателскиот натпревар со Либан. Откако го следеше квалификацискиот натпревар Македонија-Франција 2-2, а по консултација со селекторот на надежите, Благоја Милевски, предводникот на најдобриот национален тим се реши да ги повика во А тимот Енис Барди, Ѓоко Зајков, Игор Алексовски и Виктор Ангелов. Поради повреда не се во комбинација за настап Марјан Радески и Дарко Велковски.

-Најпрвин би закал да им честитам на репрезентативците до 21 година и стручниот штаб за одличниот настап и резултат против Франција. Рековме дека наша цел ќе биде да повикаме играчи од младата репрезентација кои ќе конкукрират за настап во А тимот против Либан. Во конкуренција за настап сигурно ќе беа и Дарко Велковски и Марјан Радески, но поради повреда не се во можност да помогнат, исто како и Давид Бабунски кој поради повреда не беше во конкуренција за настап ниту за младата репрезентација. Јас се надевам дека против Либан ќе го имаме истиот пристап како против Црна Гора, најважно е да играме тимски, со многу енергија и одговорност, со надеж дека на крајот ќе извлечеме уште еден позитивен резултат, изјави селекторот на А репрезентацијата, Игор Ангеловски.

Македонската репрезентација после убедливата победа од 4:1 над Црна Гора на пријателскиот натпревар одигран во четврток, во вторник има уште еден контролен натпревар кога на Националната арена „Филип Втори“ со почеток од 13:00 часот игра со Либан. 



   
   
А репрезентација