Ангеловски: Фаворити сме и ќе се обидеме да победиме, уште подобро ако тоа е во допадлива игра

Објавено на 04 Октомври, 2018 во Вести, Вести


Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски по објавувањето на списокот со повикани фудбалери за натпреварите од Лига на Нации против Лихтенштајн (13. октомври, Национална арена „Филип Втори“) и Ерменија (16. октомври, „Вазген Саргсјан“) на прес-конференцијата даде свое видување за октомвриските мечеви на кои очекува да се потврди првото место во Д групата од натпреварувањето на УЕФА.

-На списокот нема многу промени, веќе се проверени имиња, фудбалери кои беа и на предходните дуели. На позицијата трет голман се враќа Шишковски, а повратници во тимот се Адеми и Хасани, со кои се зголемува конкуренцијата во средниот ред. Ние сме фокусирани на првиот дуел. Сакаме да ги освоиме трите бода и да продолжиме таму кадешто застанавме. Очекувам победа против Лихтенштајн, уште подоброи ако запишеме нови три бода со допадлива игра, изјави Ангеловски.

Дефанзивецот на Ријека, Дарко Велковски е единствениот неизвесен за двата натпревари. На еден од тренинзите на хрватскиот клуб, нашиот стопер ја повредил задната ложа, не е позната тежината на повредата.

-Дарко Велковски е единствениот играч под знак прашалник, во бутниот мускул. Тој ќе биде подложен на детални прегледи во наредните часови. Во моментов ја немаме информацијата на степенот на повредата. Засега, не би сакал да шпекулирам околу евентуална замена, прво да ги почекаме лекарските прегледи“, изјави Ангеловски.





   
   
А репрезентација