Објавено на 28 Март, 2016 во Вести, Вести
Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски, фудбалерите Иван Тричковски и Ванче Шиков ги споделија очекувањата спроти контролниот меч со Бугарија на националната арена „Филип Втори" со почеток од 19:00 часот.
Предводникот на А репрезентацијата на Македонија смета дека контролниoт натпревар против Бугарија ќе биде вистински тест за можностите на селекцијата која ја предводи и вели дека резултат е најбитен на оваа средба.
„Најбитно е ние како ќе одиграме. Секоја почит за Бугарија, која на последниот пријателски натпревар ја совлада Португалија. Очекувам од моите фудбалери да одиграат квалитетно, максимално борбено и агресивно. Како на е секој натпревар, така и на овој атакуваме на победа Сите тие што викаат дека победата не е важна, бараат само алиби. Секој наш противник има слаби страни, и ние мораме истите да ги искористиме", изјави Игор Ангеловски.
Ванче Шиков во преден план ја истакна атмосферата во националниот тим кој според него во последните три години не била подобра.
Атмосферата никогаш не била подобра и се надевам дека тоа ќе донесе резултат. Оваа недела сите заедно работевме многу напорно и подготвени сме за натпреварот со бугарите. Не очекува доста тежок натпревар, ги знаеме квалитети на нашиот противник. Станува збор за една незгодна селекција која успеа да ја победи Португалија практично од една шанса. Ќе го дадеме максимумот и се надеваме на позитивен резултат", вели Ванче Шиков.
Игор Тричковски вели дека Бугарија е незгоден противник и се надева дека ќе биде прекината црната серија.
Репрезентацијата на Бугарија е незгоден противник, тоа се виде и на натпреварот против Португалија. Резултатот од тој натпревар им дава голема самодоверба пред утрешниот дуел. Нашата задача е да одиграме максимално борбено, да ги искористиме можностите што ќе ни се укажат и да славиме победа", вели Иван Тричковски.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....