Објавено на 27 Ноември, 2014 во Вести
На средбата разговараа за начинот
на кој големиот љубител на фудбалот, Д-р Бенце може да помогне во унапредување
на односите кои ФФМ ги има со Унгарската фудбалска Федерација и за начинот на
кој може да се поттикнат, мотивираат и вклучат младите луѓе во едукативните
школи и академиите на кои ФФМ посветува посебно внимание, а школите од таков
тип се многу развиени во Унгарија.
-За нас е многу корисно да го слушнеме искуството на луѓето кои се поврзани и го сакаат фудбалот, а преку своето дејствување можат да помогнат во неговиот развој, иако професионално се насочени кон други општествени работи. Со Д-р Бенце разговаравме за можноста многу повеќе да ги доближиме односите со нивната националната асоцијација, посебно во делот на едукативните школи и фудбалските академии кои се многу развиени во Унгарија, изјави претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.
Амбасадорот на Унгарија, познат како голем љубител на спортот истакна дека во рамки на своите можности ќе даде поддршка на проектите на ФФМ кои имаат за цел да го унапредат фудбалот во Македонија. На средбата во „Куќата на фудбалот“ своето искуство околу развојот на спортот го сподели и нашата кошаркарска легенда Благоја Георгиевски кој исто така беше гостин на ФФМ.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....