Објавено на 15 Јуни, 2021 во Вести
Македонската А репрезентација на 17. јуни ја очекува вториот натпревар од Европското првенство. Украина е селекцијата на која ќе им се спротивставиме на Националната арена во Букурешт.
Нашиот репрезентативец, Езѓан Алиоски зборуваше за очекувањата од натпреварот.
- Горди сме на натпреварот што го одигравме против Австрија. Резултатот не
беше добар за нас, но мораме да
размислуваме позитивно. Се фокусираме на мечот со Украина, имаме време за
закрепнување и ќе бидеме подготвени. Го анализираме противникот и треба да ги
корегираме грешките од првиот натпревар. Треба да го играме нашиот фудбал, да
веруваме во себе. Овој натпревар е како финале за нас, но и за Украина.
Тактички треба да бидеме на ниво, но и да бидеме многу внимателни. Украина игра добар, офанзивен фудбал. Постигнаа два гола против Холандија, влегуваат како фаворити на мечот и тоа е добро за нас. Имаме квалитет, ќе излеземе без страв и со верба во позитивен резултат. Точно знаеме што треба да подобриме и важно е бидеме на ниво во текот на сите 90. минути. Имаме квалитетда постигнеме два гола дури и да сме во негатива. Најважно е да веруваме во себе и во тимот.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....