Александар Трајковски: Знаеме против кого играме и доволно сме мотивирани
Објавено на
06 Септември, 2023
во
Вести, Вести
Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за септемвриските натпревари од квалификациите за ЕП 2024 против Италија (09.09.) и Малта (12.09.).
Своите очекувања од натпреварот со европскиот првак, Италија ги сподели Александар Трајковски, напаѓачот кој беше човек на одлука на последниот меч меѓу Италија и Македонија во Палермо.
"За нас секој натпревар е многу важен. Мечот со Италија е еден од потешките. Знаеме против кого играме и доволно сме мотивирани. Покажавме дека можеме, зошто тоа да не го направиме и на домашен терен“.
„Треба да бидеме максимално фокусирани и со поддршка од навивачите да се обидеме да дојдеме до позитивен резултат. Италијанците на некој начин ќе сакаат да се реваншираат за поразот од Палермо, би сакал да не потценат, но знам дека овој пат нема да биде исто“.