Објавено на 30 Мај, 2022 во Вести, Вести
Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за почетокот на новото издание на Лига на нации и воведниот натпревар против Бугарија на 2. јуни во Разград. Александар Трајковски, напаѓачот на Ал Фејха денеска се приклучи на тренинзите на најдобрата репрезентација.
- Овој квалификациски циклус нѐ води на ново големо натпреварување. Ова е нова прилика и треба сите да бидеме максимално фокусирани за да ја искористиме шансата која ни се укажува за настап на Европско првенство.
- Мислам дека за другите репрезентации ние сме фаворити, бидејќи резултатите кои ги направивме тоа го потврдуваат. Не бегаме од таа улога и се надевам дека ќе ја оправдаме.
Секогаш е добро кога нови млади фудбалери доаѓаат во репрезентацијата. Се надевам дека ќе дадат голем придонес и ќе биде се како што треба.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....