Објавено на 07 Октомври, 2024 во Вести, Вести
Фудбалерот на сплитски Хајдук, Александар Трајковски не е подготвен за максимален напор и нема да биде дел од подготовките на македонската А репрезентација за натпреварите против Летонија и Ерменија од Лига на нации.
Хрватскиот клуб преку официјално известување од лекарскиот тим информираше за здравствената состојба на Александар Трајковски. Македонскиот репрезентативец веќе одреден период има проблем со мускулот на ногата, истегнување кое го спречува да биде во конкуренција за клупски и репрезентативни настапи.
Поради истегнување на мускулот на ногата неизвесно е приклучувањето во репрезентацијата за двата меча против Летонија и Ерменија и на Дарко Чурлинов. Чурлинов се повреди на синоќешниот натпревар на Јагелонија против Легија од полското првенство.
До овој момент, стручниот штаб во репрезентацијата нема да повикува дополнителен повик.
Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....