Објавено на 23 Март, 2017 во Вести, До 21 год
-Јас сум многу среќен што ја претставувам родната земја на мојата фамилија, јас сум роден во Шведска, но тоа не ја намалува љубовта кон Македонија. Мојот дедо е роден во Македонија, потекнува од мавровскиот крај и навистина сум среќен што имам шанса да ја претставувам Македонија, вели Симовски.
Младиот фудбалер на Акрополис во однос на натпреварот утре со почеток во 14:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ истакнува дека сите во тимот се свесни за одговорноста која ја носи дресот на репрезентацијата и посакува поволен резултат.
-За мене ове е како дебитантски настап, иако бев дел од селективните кампови пред неколку месеци. Се надевам дека ќе оствариме позитивен резултат. Работиме добро, знаеме што очекува селекторот од нас и доколку добијам шанса ќе дадам се од себе да ја искористам. Мораме да бидеме цврсти во дуелите, да делуваме компактно и во фаза на одбрана и кога напаѓаме. Ако не краси тимскиот дух, а верувам дека ќе биде така, тогаш можеме да се надеваме на позитивни работи, додава Симовски.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....