Акредитирање за медиуми за натпреварот Македонија - Италија

Објавено на 31 Август, 2023 во Билети, Вести


Во пресрет на натпреварот, МАКЕДОНИЈА - ИТАЛИЈА од квалификациите за ЕП 2024, потребно е да направите пријава за акредитирање на медиумите кои ќе го следат квалификацискиот натпревар на 09. септември 2023 година на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Преземете го формуларот за акредитации МКД - ИТА.pdf и задолжително пополнете ги сите полиња од формуларот.

Напомена: Отворете го формуларот со ПДФ читач, а пополнетиот формулар зачуван со Вашето име и презиме испратете го на следната e-mail адреса: iko.tashov@ffm.com.mk

Ве известуваме дека рокот за поднесување барања за медиумски акредитации (пополнет и испратен формулар) за натпреварот Македонија - Италија е до 5. септември 2023. до 12:00 часот

Со оглед на тоа што списокот на акредитирани новинари и фоторепортери треба да биде испратен до УЕФА, поднесените барања после утврдениот рок нема да се земаат во предвид. 

Во согласност со расположливиот капацитет, најавениот број италијански новинари и фоторепортери кои ќе присуствуваат на натпреварот (30. места во новинарската ложа и 10. фоторепортери) и места резервирани за носителите на ТВ права и УЕФА, ќе биде овозможена една акредитација по редакција односно медиум (исклучок за медиумите кои редовно и на лице место ги следат активностите на фудбалските репрезентации на Македонија за кои ФФМ го задржува правото за утврдување на бројот на акредитации).

Телевизиите кои не се носители на ТВ права немаат дозвола за влез со камера на стадионот. Тоа значи не е дозволено присуство на снимател.

Фудбалската федерација на Македонија го задржува правото за утврдување на бројот на акредитации во согласност со капацитетот и следните приоритети:

Медиуми кои редовно и на лице место ги следат активностите на А репрезентацијата на Македонија;

Спортски редакции и спортски ВЕБ медиуми;

Информативни медиуми; 




   
   
А репрезентација