Објавено на 01 Октомври, 2021 во Билети, Вести
Во пресрет на натпреварот, МАКЕДОНИЈА - ГЕРМАНИЈА од квалификациите за СП 2022, потребно е да направите пријава за акредитирање на медиумите кои ќе го следат квалификацискиот натпревар на 11. октомври 2021 година на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Преземете го формуларот за акредитација МКД-ГЕР .pdf и задолжително пополнете ги сите полиња од формуларот.
Напомена: Отворете го формуларот со ПДФ читач, а пополнетиот формулар зачуван со Вашето име и презиме испратете го на следната e-mail адреса: press@ffm.com.mk
Ве известуваме дека рокот за поднесување барања за медиумски акредитации (пополнет и испратен формулар) за натпреварот Македонија - Германија е до 06. октомври 2021. до 13:00 часот.
Сите дополнителни прашања можете да ги упатите на e-mail адресата:
Максималниот број на акредитации кои во овој момент ФФМ има можност да ги обезбеди во согласност со мерките за заштита од Ковид-19 изнесува 70. места во новинарската ложа, односно 20. места за фоторепортери.
Во согласност со расположливиот капацитет, најавениот број германски новинари и фоторепортери кои ќе присуствуваат на натпреварот (20. места во новинарската ложа и 7. фоторепортери) и места резервирани за носителите на ТВ права и УЕФА, ќе биде овозможена една акредитација по редакција односно медиум (исклучок за медиумите кои редовно и на лице место ги следат активностите на фудбалските репрезентации на Македонија за кои ФФМ го задржува правото за утврдување на бројот на акредитации).
Телевизиите кои не се носители на ТВ права немаат дозвола за влез со камера на стадионот. Тоа значи не е дозволено присуство на снимател.
Прес - конференцијата по завршување на натпреварот ќе биде пренесувана во живо преку ZOOM платформа и на официјалниот FB/YouTube канал на ФФМ, а видео материјалот ќе биде споделен со медиумите во најбрзо можно време по завршувањето на прес-конференцијата.
Фудбалската федерација на Македонија го задржува правото за утврдување на бројот на акредитации во согласност со капацитетот и следните приоритети:
Медиуми кои редовно и на лице место ги следат активностите на А репрезентацијата на Македонија;
Спортски редакции и спортски ВЕБ медиуми;
Информативни медиуми;