Објавено на 31 Август, 2018 во Билети, Вести
Почитувани претставници на медиумите,
Во пресрет на почетокот на новото натпреварување на УЕФА, Лига на Нации, потребно е да направите пријава за акредитирање на медиумите кои ќе ги следат натпреварите од Лига на Нации на А репрезентацијата на Македонија.
Преземете го формуларот за акредитација .pdf и задолжително пополнете ги сите полиња од формуларот.
Напомена: Отворете го формуларот со ПДФ читач, а пополнетиот формулар зачуван со Вашето име и презиме испратете го на следната e-mail адреса: press@ffm.com.mk
Ве известуваме дека рокот за поднесување барања за медиумски акредитации (пополнет и испратен формулар) за натпреварот Македонија - Ерменија од Лига на Нации е до 06. септември 2018. до 12:00 часот.
Сите дополнителни прашања можете да ги упатите на e-mail адресата Zlatko.Andonovski@ffm.com.mk