Објавено на 03 Септември, 2020 во Вести, Футсал
Македонската футсал репрезентација ги доби противниците по група во квалификациите за Европското првенство 2022 година.
Доколку нашата најдобра футсал репрезентација ја совлада Англија во бараж натпреварите за пласман во квалификациите, Македонија ќе се најде во групата 4 со репрезентациите на Романија, Србија и Босна и Херцеговина.
Квалификациите се играат од 6. декември годинава, до 14. април 2021 година.
Селекторот на македонската репрезентација, Васко Скендеровски вели дека најважно за нас е да го поминеме бараж предизвикот против Англија. Натпреварите ќе ги организираме во Скопје и ќе се одиграат на 8. и 9. ноември 2020 година.
- На прв поглед групата е поволна, но противниците се исклучително силни. Уште повеќе што ние се наоѓаме во ситуација кога не смееме да се ставаме во улога на фаворит против било кој противник. Но, за нас најважно во моментов е да се подготвиме најдобро за бараж натпреварите против Англија и да ја оствариме првичната цел, а тоа е пласманот во главната натпреварувачка фаза. По рејтинг ќе бевме во третиот барабан за квалификациската група, но УЕФА веќе ги одреди репрезентациите кои ја минаа претквалификациска фаза. Се надевам дека ќе бидеме подготвени, здрави и без повредени играчи и повторно ќе се бориме за висок пласман во квалификациите, истакна Скендеровски.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....