Објавено на 23 Февруари, 2018 во Вести
Академијата во рамки на Фудбалската федерација на Македонија нуди можност за концентрација на талентот на едно место и
целосно фокусирање на активностите кои се одвиваат во рамки на академијата. Кога фудбалерите од различни клубови имаат
можност од рана возраст заедно да тренираат, да ги запознаваат своите
недостатоци и силни страни, да се развиваат, сето тоа е предуслов за понатамошно
унифицирање и креирање на силен
репрезентативен состав . Целта на нашата програма и соработка со УЕФА одделот за разој и она што се
стремиме е да постигнеме овозможување на континуиран развој на младите
фудбалери во периодот помеѓу Грасрут програмата (до 13 години) до периодот кога
фудбалерите се подготвени да започнат со професионална кариера (над 16 години).
Академијата на ФФМ работи по развоен годишен план кој покрај тоа што ги покрива активностите и работата во однос на техниката, принципите на
играта и се останато што е поврзано со фудбалот, исто така им ги овозможува на
своите членови и сите пропратни елементи почнувајќи од сместување, соодветна
исхрана и нутриционистички план, здравствени и рехабилитациски услови, па се до
реализирање на редовна едукативна програма. Елементи кои се од суштинско
значење за развој на еден фудбалер.
Жарко Игњатовски, менаџер на сектор фудбал во Фудбалска федерација на Македонија зборува за значењето на Академијата ФФМ/УЕФА, за можностите кои им се овозможуваат на младите фудбалери и отворањето на сместувачкиот капацитет наменет за Академијата на ФФМ.