Објавено на 09 Ноември, 2015 во Вести, Вести
Поради повреда на мускулот на десната нога заработена на вчерашниот натпревар против Гетеборг, голманот на шведски Норчепинг Давид Митов Нилсен нема да биде во комбинација за настап против црногорците. На негово место предводникот Ангеловски го повика Марко Јовановски од Шкендија. На првиот собир денеска ќе доцни Столе Димитриевски со оглед дека вчера имаше натпревар во 17.00 часот.
-Мотивирани сме да ја вратиме позитивната енергија бидејќи ситуацијата и не беше најдобра во последниот квалификациски циклус. Ќе се обидеме да ја вложиме целата сила и да го направиме тоа што е најдобро за екипата. Ова за мене ќе биде прв натпревар како предводник на репрезентацијата и мислам дека никој нема поголема желба и мотивација, ќе дадеме се од себе заеднички со играчите да бидеме успешни и горди на репрезентацијата. Позитивната атмосфера е неопходна, таа е влог и за овој натпревар и за во иднина. Верувам дека играчите ќе реагираат на начин кој ќе биде доволен за остварување на позитивен резултат. Сигурен сум дека секој играч, без оглед кој ќе настапи против Црна Гора, макар и замените за првотимците ќе ја оправда укажаната доверба, изјави Игор Ангеловски.
Репрезентацијата на Македонија денеска во 17.30 часот ќе го има првиот тренинг во центарот „Петар Милошевски“. До натпреварот на 12. Ноември ќе одработи уште два тренинга, утре и во среда во 14.30 часот.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....