А репрезентацијата се смести во Виена, од утре во комплетен состав

Објавено на 27 Мај, 2016 во Вести, Вести


Најдобрата македонска репрезентација вечерва во некомплетен состав го имаше првиот тренинг во Виена, каде в недела ќе одигра пријателски натпревар против Азербејџан. Нашиот најдобар национален тим ќе се комплетира утре кога во екипата ќе се приклучат осуммината играчи кои вечерва настапија за репрезентацијата до 21 година во квалификациската победа над Украина. Атмосферата е позитивна, а придонес за тоа беше и убавата вест од Киев каде надежите постигнаа уште еден одличен резултат, потврдувајќи дека следуваат подобри времиња за македонскиот фудбал.

“Последните промени во националниот тим се почеток на една изградба на нов колектив кој ќе може да игра заедно долго време. Навистина победата на младите над Украина позитивно делуваше врз нас, затоа што сите погледи ги имавме носочено таму, а знаејќи ја важноста на натпреварот. Ако имаме в предвид дека од утре дури осум играчи кои настапија на тој натпревар ќе ни се приклучат во А репрезентацијата, со право сме оптимисти за добар натпревар во недела. Веќе сме тука во Виена, го имавме првиот тренинг, а утре ќе бидеме комплетни пред неделниот натпревар. Очекувам добра игра од наша страна и секако позитивен резултат, односно победа над Азербејџан”, изјави левиот бек, Леонард Жута.

Пријателскиот натпревар Азербејџан- Македонија се игра во недела со почеток од 17:00 часот во стадионот Richard-Gebert-Sportanlage (Schwadorf).



   
   
А репрезентација