Објавено на 26 Ноември, 2015 во А репрезентација жени
Нашата женска репрезентација покажа максимално ангажирана игра, особено во првото полувреме, но за жал без реализација на создадените шанси.
Во првото полувреме Наташа Андонова двапати беше блиску до погодок од слободен удар, но не успеа да ја смести топката во противничкиот гол. Гентијана Рочи пак во 45та се најде очи во очи со голманот на Белорусија, но во клучниот момент нејзиниот удар беше блокиран.
Белоруската женска репрезентација успеа да реализира два пати од два удари кон нашиот гол, колку што имаа во второто полувреме.
„Покажавме максимално ангажирана игра. Создадовме шанси, но немавме реализација. Шансите не се бројат по ваков натпревар, кога нема да дадеме гол нормално е да стигне казна од противникот.“ - изјави Ванчо Балевски, селекторот на женската А репрезентација.
За Македонија настапија: Донева, Милеска (Марковска 73'), С. Андонова, Рочи, Андреевска, Јаковска (Ристовска 86'), Н. Андонова, Костова, Бојку, Чубриновска (Салихи 68'), Ангеловска.