Објавено на 02 Јуни, 2016 во Вести, А репрезентација жени
Женската А репрезентација на Македонија утре против Словенија во 17:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ го игра квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство.
Селекторот на репрезентацијата на Македонија Кирил Изов за натпреварот против Словенија и против Исланд на 7. јуни во Рејкјавик ќе смета на следните фудбалерки:
Голмани: Олгица Арсова (Драгон), Викторија Панчурова (Тиверија), Маја Ѓурова (Речица);
Одбрана: Маја Ангеловска (Драгон), Ана Веселинова (Драгон), Станкица Атанасова (Драгон), Мартина Смилковска (Кочани), Даниела Велевска (Топ Гол), Ане Бошевска (Топ Гол);
Среден ред: Ленче Андреевска (Драгон), Катерина Милевска (Кочани), Драгана Костова (Драгон), Јана Чубриновска (Кочани), Елма Шемшовиќ (Борец), Дијана Христовска (СЦ Истатов), Шкипе Бојку (Нове Замки);
Напад: Симона Крстановска (СЦ Истатов), Дијана Христовска (СЦ Истатов), Јилза Максути (АС Јунајтед), Ели Јаковска (Спратак);
-Пред престојните два квалификациски натпревари кои нашата репрезентација треба да ги одигра против Словенија и Исландби сакал да истакнам дека не очекуваат два тешки натпревари,но и дека акцентот ќе биде ставен на првиот натпревар против Словенија кој го играме на домашен терен во Скопје.Иако пред неполни два месеца изгубивме во Словенија со висок резултат,сметам дека тоа не ја дава реалната слика на настаните. Противникот има и слабости во нивната игра,кои се надевам дека на домашен терен можеме да ги искористиме и да забележиме позитивен резултат. На подготовките повеќе работевме на тактичко техничкиот дел и на поставување на играта со оглед на тоа што изминатиот викенд заврши првенството во ПЖФЛ и се чувстува одреден замор кај девојките.Ни недостасуваат уште неколку квалитетни фудбалерки кои во друга ситуација сигурно би имале место во националната селекција, но сепак и покрај се,јас сум оптимист,верувам во моите фудбалерки, ветувам максимална борбеност и ангажман од нивна страна што се надевам ќе биде доволно за добар резултат на наредните два натпревари, изјави селекторот Кирил Изов.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....