Објавено на 31 Август, 2018 во Вести, А репрезентација жени
Женската А репрезентација на Македонија одигра без голови, 0:0 против Косово на првиот од двата контролни натпревари меѓу двете селекции. Во рамноправен натпревар на теренот во тренинг центарот „Петар Милошевски“, и нашата и гостинската репрезентација не искористија неколку шанса за погодок, на висина на задачата беа голманките во двата тима, Панчурова и Бесарта.
Најубавите прилики за наше водство не ги искористија Максути и Ели Јаковска, а пред крајот од натпреварот прилика за погодок не искористивме ниту по двете добри акции и додавања на Јана Чубриновска.
МАКЕДОНИЈА: 1. Викторија Панчурова, Даниела Велевска, 5. Драгана Колевска, 7. Јилза Максути, 8. Александра Марковска, 11. Ели Јаковска, 9. Јана Чубриновска, 10. Романа Трајковска, 17. Маја Ангеловска, 19. Хава Мустафа, 20. Павлинка Николовска;
12. Магдалена Лековска, 13. Александра Поповска, 15. Елена Паневска, 16. Марина Митревска, 18. Мила Талевска, 3. Сара Коларовска, 6. Марија Белистојановска, 4. МАртина Боглева, 14. Ангела Стојковска;
Македонија и Косово вториот пријателски натпревар на теренот во тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе го одиграат в недела во 17:00 часот.Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....