А репрезентација: Видео анализа на Бугарија, се откажува попладневниот тренинг

Објавено на 26 Март, 2016 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација денеска во комплетен состав го одработи утринскиот тренинг во центарот „Петар Милошевски“. Фудбалерите кои се здобија со повреда на натпреварот со Словенија, Горан Пандев, Иван Тричковски и Леонард Жута се чувствуваат подготвени за настап, тројцата без проблем го издржаа денешниот тренинг.

Попладне стручниот штаб на репрезентацијата подготвува видео анализа на Бугарија која ќе им биде презентирана на играчите и поради тоа се откажува тренингот кој првично беше закажан во 20.00 часот.

Натпреварот со Бугарија го играме на 29. март (вторник) во 19.00 часот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.




   
   
А репрезентација