А репрезентација: Сплотеноста може да ни донесе резултат

Објавено на 22 Март, 2016 во Вести, Вести


Македонскиот селектор Игор Ангеловски и репрезентативците Горан пандев и Агим Ибраими денеска одржаа брифинг со претставниците на медиумите во базата на А репрезентацијата во Порторож во пресред на утрешниот натпревар против Словенија.

-Најважно што фудбалерите се здрави, немаме проблеми сите се на располагање. Ме радува што работиме во одлична атмосфера, фудбалерите се желни за настап и очекувам добра игра и позитивни резултати. Ќе форсирам претпознатлив стил на игра, добро знаете дека преферирам офанзивна игра. Ќе влеземе во натпреварот да се добие, со единствена цел, и тоа ќе го барам од фудбалерите, изјави селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски.

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев повтори дека воопшто не му било лесно да биде надвор од националниот тим.

-Сигурно дека репрезентацијата е светост. Тешко ми беше овие години кога не играв. Разговаравме со селектор и со претседателот на оваа тема. Селекторот треба да одлучи колку ќе можам да помогнам. Ми недостасувавте и вие сите овие години. Атмосферата е одлична, среќен сум што запознав некои нови играчи кои имаат квалитет. Се зависи од нас, многу зависи и од сите. Треба и новинарите да помогнат. Да направиме сите да ја вратиме публиката. Не заслужуваме да бидеме тука каде што е, рече Горан Пандев.

Агим Ибраими пред повеќе од три години против Словенија постигна брилијантен погодок во победата од 3-2.

-Пандев ни дава дополнителна енергија, треба да бидеме еден тим, една целина. Треба да се исполнат задачите од селекторот. Јас сум се вратил во Марибор со крената глава, сега повторно сакам да се вратам со крената глава. Поофанзивно играме сега, играта ни е така да напаѓаме, рече Ибраими.




   
   
А репрезентација