A репрезентација: Словенија – Македонија на 23. март во Копер

Објавено на 11 Декември, 2015 во Вести, Вести


А“ репрезентацијата на Македонија на 23. март 2016. година во Копер ќе одигра контролен натпревар против најдобрата селекција на Словенија. Репрезентација предводена од поранешниот селектор на нашиот национален тим, Сречко Катанец е рангирана на 61 место на ФИФА листата.  Во групата „Е“ од квалификациите за Европското првенство во Франција 2016 година, Словенија заврши на третото место и се пласираше во бараж за пласман на контененталниот шампионат. Украина беше подобра во двомечот од словенечката репрезентација. Македонија и Словенија досега имаат одиграно три пријателски натпревари. Првиот официјален натпревар за репрезентацијата на Македонија на 13. октомври 1993 во Крањ го добивме со 4:1, на 23. март 1994. година во Скопје славевме со 2:0, а на 4. ноември 2012. година победивме со 3:2. Дарко Тасевски, Адис Јаховиќ и Агим Ибраими беа стрелци на головите на последниот меч.



   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација