Објавено на 08 Септември, 2018 во Вести, Вести
Македонската А репрезентација утре против Еренија го игра првиот домашен натпревар од Лига на Нации. По официјалниот тренинг, на денешната прес-конференција зборуваа селекторот на Македонија, Игор Ангеловски и капитенот, Горан Пандев.
-Ова е најзначајниот натпревар за нас, сметам дека добро го анализиравме противникот и подготвени ќе влеземе во дуелот. Мене ми е важно како ќе функционира мојот тим. Ако функционираме како на претходните натпревари, не гледам причина зошто да не го добиеме овој меч. Барсегјан и Хамбарџумјан играа во Македонија, заедно со Фелипе се најдобрите странци што играле во нашата земја. Но, сега ќе бидеме на спротивни страни.победникот во оваа Лига Д во нашата група ќе се бара меѓу нас и Ерменија. Очекувам да забележиме позитивен резултат, изјави Игор Ангеловски.
Капитенот Горан Пандев вели дека утрешниот натпревар е најзначаен во нашата група.
- Се подготвуваме како и за сите други натпревари. Сметам дека максимално спремни ќе влеземе во дуелот. Оваа пресметка е најзначајна во нашата група. Ерменија е квалитетна селекција, но ако ние бидеме на нашето ниво, ќе успееме да оствариме позитивен резултат, изјави Пандев.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....