Објавено на 01 Јуни, 2017 во Вести, Вести
Македонската репрезентација ги продолжува подготовките за двата натпревари против Турција на 5. јуни (19:45) и квалификацискиот против Шпанија на 11. јуни (20:45) на Националната арена во Скопје.
Во стројот на селекторот Игор Ангеловски се приклучија калчо ѕвездите Горан Пандев и Илија Несторовски. За два дена во тимот ќе се приклучат Стефан Ристовски и Езџан Алиоски.
Офанзивниот фудбалер на Шкендија, Ферхан Хасани вели дека ова е нова добра прилика за Македонија да се покажеме во најдобро издание на големата фудбалска сцена.
-Сите ние имаме прилика да одиграме два големи натпревари - против силниот состав на Турција, а потоа и квалификацискиот дуел со една од најдобрите светски репрезентации, Шпанија. Македонија во претходните неколку натпревари покажа дека има одлични фудбалери и не се плашиме - веруваме во нашите квалитети. Во оваа селекција има талентирани фудбалери со многу потенцијал. Одново имаме прилика да се покажеме во најдобро издание на големата фудбалска сцена и сигурно е дека ќе бидеме 100 проценти во натпреварот против Турција, бидејќи фокусот сега е кон првиот дуел, а потоа и против Шпанија, изјави Хасани.
Кристијан Тошевски, дефанзивецот на Пелистер вели дека силата на Турција треба да претставуваа дополнителен предизвик за нашиот тим.
-Натпреварите се вистински предизвик, посебно што Турција доаѓа во полн состав. Но, тоа треба да биде дополнителен мотив за нас, мораме да уживаме во фудбалот и да се покажеме во најдобро издание. Ние помладите треба да се докажуваме за во иднина и се надевам дека ќе бидеме на висина на задачата и на тренинзите и доколку добиеме шанса за настап, вели Тошевски.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....