Објавено на 18 Мај, 2016 во Вести, Вести
Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета на престојните контролни натпревари против Азербејџан во австриски Швадорф на 29. мај и против Иран на националната арена „Филип Втори“ во Скопје на 2. јуни.
Голмани: Столе Димитриевски (Гранада, Шпанија), Игор Алексовски
(Македонија ЃП).
Одбрана: Леонард Жута (Ријека,
Хрватска), Кире Ристески (Вашаш, Унгарија), Стефан Ристовски (Ријека, Хрватска),
Ванче Шиков (Австрија В., Австрија), Дарко Велковски (Вардар), Ѓоко Зајков
(Шарлероа, Белгија), Егзон Бејтулаи (Шкендија).
Среден ред: Дејан Пешевски
(Подбрезова, Словачка), Енис Барди (Ујпешт, Унгарија), Бобан Николов (Вардар),
Бојан Најденов (Работнички), Марјан Радески (Шкендија), Давид Бабунски (Црвена
Звезда, Србија), Никола Ѓорѓев (Грасхоперс, Швајцарија), Ферхан Хасани
(Шкендија).
Напад: Горан Пандев (Џенова,
Италија), Иван Тричковски (АЕК, Кипар), Александар Трајковски (Палермо,
Италија), Илија Несторовски (Интер З., Хрватска).
Собирот на А репрезентацијата е закажан за 23. мај во хотел „Гранд Плаза“ во Скопје.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....