А репрезентација: Првиот тренинг во Словачка

Објавено на 11 Јуни, 2015 во Вести, Вести

Најдобрата репрезентација на Македонија пристигна во Словачка за квалификацискиот натпревар против домашната селекција кој го играме на 14. јуни во Жилина.

Селекторот Љубомир Друловиќ го одржа првиот тренинг, релаксирачки тренинг на словачка почва. Нашиот А национален тим има одлични услови за тренинг и подготовка. Во местото Рајецке Теплице ќе одработиме два тренинга, официјалниот ќе биде на стадионот во Жилина во сабота од 20.45 часот. 

-Прв впечаткот е дека навистина имаме одлични услови за работа и сместување. Ова беше базата и на шпанската репрезентација кога гостуваа во Словачка. Се надевам дека се ќе мине во најдобар ред до натпреварот со Словачка. Ние сме во функција на тимот и играчите и се обидуваме да ги овозможиме најдобрите услови. Најважно е сите да бидат здрави, стручниот тим во репрезентацијата врши одлична работа и се надеваме на успех, вели Саша Ќириќ, техничкиот менаџер на А репрезентацијата.

 



   
   
А репрезентација