Објавено на 28 Мај, 2019 во Вести, Вести
Квалификации за ЕУРО 2020, Група Г
7. јуни 2019. година, 20:45
Национална арена „Тодор Проески“
Билети по цена од 150 денари: https://mktickets.mk/event/makedonija-polska/
Македонската репрезентација на 7. и 10. јуни го продолжува квалификацискиот циклус за пласман на ЕУРО 2020. Фаворитите во нашата група, Полска и Австрија гостуваат на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
Нашата најдобра репрезентација првиот дел од подготовките ги започна без капитенот Горан Пандев, клупски обврски сеуште имаат голманите Илиев и Шишковски, додека Адеми, Николов, Алиоски и Трајковски утре ќе бидат во стројот на селекторот Игор Ангеловски. Мала повреда на задната ложа има Дарко Велковски, но дефанзивецот на хрватска Ријека е во тренажен процес.
Македонската репрезентација утре има тренинг во 10:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“, на 30. (четврток) и 31. мај (петок), тренинзите се закажани во 11:00 часот.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....