Објавено на 04 Септември, 2014 во Вести
По утринскиот тренинг, нашата најсилна селекција денес одигра и тренинг натпревар со Шпански нисколигаш, на кој голови постигнаа Јаховиќ, Велковски, Трајковски и Костовски. Противникот не успеа да ја затресе нашата мрежа.
“Имавме успешен ден. Одигравме еден типичен тренинг натпревар на кој постигнавме четири голови, иако имавме многу повеќе шанси. Сепак, мојот приоритет беше да ги испробам сите играчи, и токму затоа сите добија шанса за игра. Најважно во моментов е што во екипата сите се чувствуваат добро, и што немаме повредени фудбалери.“ - изјави Ѓуровски по натпреварот.