A репрезентација: Од денес комплетни во Шпанија

Објавено на 03 Септември, 2014 во Вести, Вести

Македонската А селекција од денес ќе се комплетира.

Во текот на денот во Шпанија се очекува да пристигнат Јаховиќ – кој ги завршува медицинските проверки во Крилја Советов; и Костовски кој подоцна и се приклучува на репрезентацијата по вчерашниот натпревар за својот клуб О.Х. Леувен.

А репрезентацијата е сместена на 20 км. од Валенсија, и засега условите за работа се на највисоко ниво, а приемот од домаќините е одличен што придонесува кон позитивната атмосфера помеѓу играчите и стручниот штаб.

За денес репрезентацијата има предвидено два тренинзи и тоа во 10.00 ч. и во 19.00 ч.




   
   
А репрезентација