А репрезентација: Македонија – Бугарија на 29. март во Скопје

Објавено на 14 Јануари, 2016 во Вести, Вести


Најдобрата македонска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Бугарија на 29. март на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Натпреварот ќе биде седми пријателски меѓу двете селекции. Македонија има две победи, последната во 2013 година кога со головите на Ибраими и Трајковски славевме со 2:0.

На првиот пријателски дуел во Кочани во 1994. година беше 0:0, во Софија 1996. година загубивме со 3:0, на Градски стадион во Скопје во 1996. година беше 1:0 за Македонија, 2001. и 2006. година во Софија и Скопје, Бугарија победи со 1:0.

На 23. март селекцијата предводена од Игор Ангеловски ќе гостува во Копер на контролен дуел против Словенија.




   
   
А репрезентација