Објавено на 29 Март, 2016 во Вести, Вести
Македонската А репрезентација загуби со 0:2 против Бугарија на контролниот натпревар на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
Нашиот најдобар национален состав беше подобар противник во првото полувреме.
Македонија имаше контрола во поседот на топка, а неколку пати опасно се заканивме
кон голот на противникот. Во првите 20-на минути Агим Ибраими и Ванче Шиков ги
имаа најдобрите прилики за отворање на резултатот. Ударот на Ибраими малку
недостасуваше да го изненади Митрев, а голманот на Бугарија интервенираше и по
обидот со глава на Шиков во 24. минута кога и пречката беше сојузник на голманот. До крајот од полувремето се обиде и
нашиот капитен Горан Пандев, а последната убава шанса по центаршут на Ибраими
не ја искористи Шиков. Единствениот опасен удар гостинската репрезентација го
имаше во 42. минута, но сигурена интервенција на нашиот гол имаше Димитриевски
по ударот на Рангелов.
Нашиот селектор Игор Ангеловски со неколку замени во последните 20-на
минути се обиде да ја пробие цврстата одбрана на бугарите, но не создадовме
вистинска шанса за гол. Во 84. минута гостите го изблокираа и ударот на Пандев.
МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА (0:0) 0:2
(66` Димитар Рангелов 0:1, 87` Александар Тонев 0:2)
Пријателски натпревар, Национална арена „Филип Втори“, Скопје
МАКЕДОНИЈА: 12. Столе Димитриевски, 13. Стефан Ристовски (75` Горан Силјановски), 3. Леонард Жута, 6. Ванче Шиков, 5. Кире Ристовски (75` Мите Цикарски), 16. Никола Глигоров, 17. Остоја Стјепановиќ (60` Армент Алими), 19. Агим Ибраими (76` Илија Несторовски), 7. Иван Тричковски, 10. Горан Пандев (капитен), 18. Адис Јаховиќ (60` Јован Костовски).
БУГАРИЈА: 1. Божидар Митрев, Георги Терзиев, 5. Николај Бодуров, 15. Васил Божиков, 2. Страхил Попов, 21. Светослав Дјаков, 18. Ивајло Чочев, 7. Михаил Александров, 11. Марсело Да Коста (77` Спас Делев), 10. Ивелин Попов (90` Иво Иванов), 8. Димитар Рангелов (84` Александар Тонев)
Македонија и Бугарија го одиграа седмиот меѓусебен дуел. Бугарија ја забележа четвртата победа, нашата селекција славеше на дуелот пред три години во Скопје со головите на Агим Ибраими и Александар Трајковски.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....