А репрезентација: Колективот да не води до успех

Објавено на 06 Октомври, 2015 во Вести, Вести

Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките во пресред на квалификацискиот натпревар против Украина кој се игра во петок во 20.45 часот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Нашиот најдобар национален тим денеска одработи еден тренинг, вечерва од 18.30 на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе имаат уште еден. Младиот Стефан Ашковски вели дека мора да функционираме како колектив доколку сакаме поволен резултат против силната Украина.

-Ќе биде добар натпревар, Украина е многу силна репрезентација, но ние играме дома, пред наша публика и имаме право да се надеваме дека можеме до победа. За нас е многу важно што потврдивме дека против Шпанија можеме да играме на високо ниво, функциониравме навистина како тим и треба да го имаме тој пристап и за следните два натпревари. Имаме одлични поединци, се надевам дека и другите фактори, поддршката од публика и спортска среќа ќе бидат на наша страна. Ние сме млад тим и се трудиме да напредуваме, вели Стефан Ашковски.


Дебитантот во македонскиот состав, Давид Митов Нилсон ги сподели првите импресии по репрезентативниот собир. Голманот со потекло од Росоман вели дека во тимот има добри играчи, атмосферата е одлична и се надела на позитивни моменти во дресот на Македонија.

-За мене ова е ново искуство, поразлично од шведското, но е многу позитивно. Момците во тимот се навистина одлични, ми помагаат за брзо адаптирање на новата средина. Што се однесува до натпреварот, нема причина да не се надеваме дека можеме до победа. Украина е добра репрезентација, но ние имаме одлични индивидуалци, треба да имаме тимска игра и мислам дека нема причина да стравуваме. Се радувам што сум тука и ќе дадам се од себе да му помогнам на тимот, вели Митов Нилсон.




   
   
А репрезентација