А репрезентација: Јован Костовски ослободен заради повреда

Објавено на 06 Јуни, 2015 во Вести, Вести


Македонската А селекција по вчерашниот прв собир, за денес има два тренинзи на распоредот, еден во 10.00 ч. и еден во 18.00 ч.

По направените проценки и консултации во стручниот штаб од обврските со селекцијата е ослободен Јован Костовски, заради повреда.

Дополнително ќе биде донесена одлука дали на местото на Костовски ќе биде повикан друг фудбалер. Тимот се очекува да биде комплетиран на официјалниот ФИФА датум за овој натпревар, 08. јуни, 2015, кога ќе бидат пристигнати Леонард Жута, Ферхан Хасани, Александар Тодоровски и Остоја Стјепановиќ.



   
   
А репрезентација