А репрезентација: Иван Тричковски поради повреда неизвесен за претстојните натпревари

Објавено на 08 Октомври, 2018 во Вести, Вести


Македонија – Лихтенштајн

Лига на нации, Д-Лига, Група 4

13. октомври 2018., 20:45

Национална арена “Филип Втори“, Скопје.

Македонската А репрезентација денеска ги започнува подготовките за претстојните два натпревари во Лига на нации, против Лихтенштајн на 13. октомври на Националната арена „Филип Втори“’ во Скопје и Ерменија на гостински терен во Ереван на 16. октомври.

Нашиот офанзивен фудбалер, Иван Тричковски на вчерашниот дуел меѓу неговиот АЕК Ларнака и Ермис од кипарското првенство се здоби со истегнување на адукторот, беше заменет во 60. минута и неговото присуство на репрезентативниот собир е под знак прашалник. Тричковски денеска и утре ќе има испитувања, а потоа нашиот селектор Игор Ангеловски ќе добие потврда дали ќе биде во можност да му се приклучи на националниот тим.

Првиот тренинг на репрезентацијата на Македонија е закажан денеска во  19:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“. 




   
   
А репрезентација