Објавено на 23 Мај, 2016 во Вести, Вести
Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски по консултации со лекарските тимови на репрезентацијата и на ФК Шкендија реши да го ослободи Ферхан Хасани од обврските во најдобрата селекција за претстојните два контролни натпревари со Азербејџан и Иран.
Напаѓачот на Шкендија сеуште е рековалесцент и сето ова е со надеж дека целосно ќе заздрави од повредата, ќе се врати во врвна форма и би дал уште поголем придонес за остварување позитивни резултати на клупски и репрезентативен план.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....