Објавено на 16 Ноември, 2015 во Вести, Вести
Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски на прес конференцијата истакна дека посакува најмалку еднакво успешна пресметка како и против Црна Гора, натпревар во кој Македонија убедливо славеше со 4:1.
-Либан
е добро организирана селекција, со сличен ранкинг на нашата репрезентација.
Мислам дека ќе имаме добра проверка, противникот е во натпреварувачка форма со
оглед дека се во тек на квалификациски циклус. Наша цел е да го повториме тоа што беше добро
од дуелот со Црна Гора, ќе се обидеме чекор по чекор да ја градиме играта која
сакаме да биде препознатлива за нашиот национален тим. Не е тајна ниту
почетниот состав, ќе стартуваат истите десет играчи како и против црногорците,
а ќе одлучиме кој ќе влезе на местото на Агим Ибраими, изјави Ангеловски.
Репрезентативецот Александар Трајковски кој беше стрелец на хет-трикот на натпреварот со Црна Гора вели дека Македонија и против Либан треба да го одигра истото од претходниот меч.
-Максимално ќе одиграме и на овој меч, да го покажеме истото како со Црна Гора. Секој треба да биде мотивиран, да се обидемне да победиме со цел да врземе две победи. Ова се натпревари кои треба да ни ја зголемат самодовербата, а потоа да се подготвуваме за следните квалификациски, вели Трајковски.
Спроти натпреварот со Либан, Никола Глигоров вели дека со резултатите, борбеноста и односот кон националниот дрес од фудбалерите, публиката ќе се врати на трибините. Фудбалерот од средниот ред додава дека без разлика на успесите, гледачите треба да ја поддржат Македонија.
-Имаше доста позитивни работи со црногорците, но и негативни, кои ги воочивме и ќе ги исправиме. Со беспоштедна борба, со максимум на сите, се надевам дека и утре ќе се претставиме во добро светло. Се надевам дека со односот, со резултатите и борбеноста ќе ја вратиме публиката, изјави Никола Глигоров.Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....