Објавено на 29 Август, 2018 во Вести, Вести, УЕФА Лига на Нации
Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски ги соопшти имињата на фудбалерите на кои ќе смета на првите два натпревари од Лига на Нации против Гибралтар (06. септември) и Ерменија (09. септември). На списокот на селекторот Ангеловски се наоѓаат 18. фудбалери, но поради повреда неизвесен е настапот на двајцата фудбалери кои настапуваат во Хрватска, Аријан Адеми (Динамо Загреб) и Дарко Велковски (Ријека).
Нашата најдобра репрезентација новото натпреварување на УЕФА, Лига на Нации го отвора со гостување во Гибралтар на 6. септември, а три дена подоцна на Националната арена ја пречекуваме селекцијата на Ерменија.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....