Објавено на 31 Август, 2016 во Вести, Футсал
Македонската А футсал репрезентација вечерва во Велес го игра вториот пријателски натпревар против Франција. Нашата селекција на првиот контролен дуел во Скопје со примен погодок во последните секунди загуби со 2:1 од реномираниот противник. Селекторот на македонската футсал репрезентација, Иван Божовиќ вели дека е задоволен од изданието на неговите играчи на првата пресметка, но мора да се поправи реализацијата на создадените шанси.
-Задоволен сум од повеќето сегменти од нашата игра на првиот натпревар и покрај поразот од Франција во последните секунди. Јасно е дека летната пауза остава трага на формата на играчите, се чувствува дека сме во тренинг кратко време, речиси две седмици. Реализацијата ни беше најголем проблем и тоа е главната причина за поразот. Едноставно, не искористивме неколку одлични шанси за гол. Сигурен сум дека вечерва во Велес ќе одиграме на повисоко ниво и се надевам дека и резултатот ќе биде позитивен. И покрај малите повреди на кои се жалат неколку играчи ќе бидеме во полн состав и ќе покажеме како се бранат боите на Македонија, изјави селекторот Иван Божовиќ.
Натпреварот Македонија – Франција во спортската сала во Велес се игра вечерва во 20:00 часот. Влезот е слободен.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....