Објавено на 10 Февруари, 2015 во Футсал
Македонската А футсал репрезентација ја оствари втората победа во пријателскиот двомеч против Грузија. Во СЦ "Јане Сандански", избраниците на селекторот Васко Скендеровски славеа со 2-1.
Во првото полувреме двете репрезентации имаа неколку обиди за погодок, за нашата селекција не реализираа Мицевски и Левески, Чануквадѕе пропушти одлична шанса за гостите. Без голови по воведните 20. минути.
Првата шанса во продолжението ја имаше Зоран Левески, во 23. минута нашиот капитен ја погоди стативата од голот на Грузија. Дарко Ранготов во 27. минута конечно го најде патот до мрежата на Грузија постигнувајќи гол за водство на Македонија. Голема шанса за удвојување на предноста пропушти Левески во 32. минута. Неколку одлични интервенции имаше и нашиот голман Тодоровски, но беше немоќен во 36. минута кога Алтунашвили постигна погодок за израмнување. Најубавата акција во 39. минута ја крунисуваме со гол за победа. Зоран Левески погоди за 2:1 откако прекрасно одработивме напад со маркер - играч.
Грузија во последната секунда имаше обид да израмни но одбрани Тодоровски.
Во првиот контролен натпревар одигран вчера, Македонија убедливо ја победи Грузија со 9:4. Нашата репрезентација се подготвува за мартовските квалификации за ЕП 2015.
Пласманот на Европското првенство ќе го бараме на турнирот кој го организираме во Скопје.
Македонија е во група со Унгарија, Швајцарија и Шпанија.
Младата репрезентација на Македонија до 21 година и официјално ги започна подготовките за претстојните два квалификациск...