Објавено на 09 Февруари, 2015 во Футсал
Прашањето околу победникот го решивме во воведните три минути. Нашата репрезентација по 174 секунди веќе имаше предност од три гола. Дарко Ранготов погоди за отворање на резултатот, капитенот Зоран Левески ја удвои предноста, а Александар Глигоров стрелаше за 3-0 на истекот од третата минута. Одличното прво полувреме со погодок за 4-0 го круниса Адријан Мицевски. Неколку прекрасни одбрани на нашиот гол имаше Антонио Петровски.
Доминацијата на македонската репрезентација продолжи и во второто полувреме. Во првата минута од продолжението, Дарко Ранготов го постигна својот втор погодок за 5-0, а по само 60-на секунди во листата на стрелци се запиша и Мартин Тодоровски за 6-0. Гостинската репрезентација постигна два гола во 26-та и минута подоцна за намалување на резултатот на 6-2. Нашиот капитен Левески пет минути подоцна погоди за 7-2, а хет-трик во 35. минута запиша Дарко Ранготов за 8-2. Со гол од половина терен, Ферид Агуши зголеми на 9-2, гостинскиот состав до крајот успеа само да намали на 9-4 со два гола 37. и 38. минута.
Утре, во 20.15 часот Македонија и Грузија го играат вториот пријателски натпревар во малата сала во С.Ц. "Јане Сандански".
Младата репрезентација на Македонија до 21 година и официјално ги започна подготовките за претстојните два квалификациск...