А футсал: Нерешено и пораз за македонската футсал репрезентација против БиХ во Бихаќ

Објавено на 25 Септември, 2019 во Вести


Македонската футсал репрезентација загуби со 9:5 на вториот контролен натпревар против Босна и Херцеговина одигран во Бихаќ. Нашата селекција имаше само гол негатива до 35. минута кога босанците водеа со 6:5, но во последните минути примивме три погодоци за убедлива победа на домашните футсалци. Два гола за македонската репрезентација постигна Седат Зибери, по еден во мрежата на БиХ дадоа Исмаили, Петровиќ и Исмет Чека.

Двете репрезентации одиграа 3:3 на првиот контролен натпревар. Нашата репрезентација два пати се враќаше од негатива од еден гол, а сепак беше поблизу до триумф откако Мицевски погоди за водство на Македонија од 3:2 во 35. минута. Домашната селекција успеа да израмни во следната минута за конечни 3:3.

Босна и Херцеговина - Македонија 9:5 (4:3)

1:0 Радмиловиќ (11'), 2:0 Радмиловиќ (11'), 2:1 Зибери (15'), 3:1 Павловиќ (15'), 3:2 Исмаили (17'), 4:2 Бошковиќ (17'), 4:3 Петровиќ (19'), 5:3 Радмиловиќ (30'), 5:4 Зибери (31'), 6:4 Кахвеџиќ (33'), 6:5 Чека (34'), 7:5 Перковиќ (36'), 8:5 Алаџиќ (39'), 9:5 S. Иванковиќ (40').

Босна и Херцеговина - Македонија 3:3 (1:0)

Голови:1:0 Алаџиќ (12'), 1:1 Мицевски (24'), 2:1 Јелиќ (26'), 2:2 Де Соуса (27'), 2:3 Мицевски (35'), 3:3 Кахвеџиќ (35').

Македонија: Иван Стојановски, Зоран Левески, Таулант Исмаили, Иван Крстевски, Исмет Чека, Реџеп Сулејмани, Адријан Мицевски, Ферид Агуши, Седат Зибери, Драган Петровиќ, Јакуп Рамадан, Антонио Петровски, Даниел Де Соуса, Реџан Мустафов. Селектор: Иван Божовиќ. 



   
   
А репрезентација