Објавено на 30 Август, 2016 во Вести
Футсал репрезентацијата на Македонија загуби од силната Франција со 2:1 на првиот пријателски натпревар огигран во ВИП арената во Скопје.
Во првиот дел гостинските играчи први се заканија кон нашиот гол, но силните удари на на Аздин и Абдесамад не завршија во мрежата на Петровски. Првиот удар одлично го одбрани голманот на КМФ Велес, додека во вториот обид пречката беше наш сојузник.
Агресивната игра на гистинската селекција вроди со плод во 13.
минута кога Кевин го проигра Адриен, а Абдесамад реализираше за водство на французите.
Во рамки на подготовките за квалификациите за Европското првенство во футсал кои ќе се одиграат во јануари, избраниците на селекторот Иван Божовиќ ќе одиграат уште еден натпревар против Франција, на 31. август во Велес.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....