74 Конгрес на ФИФА во Бангкок

Објавено на 17 Мај, 2024 во Вести


На 74. Конгрес на Светската фудбалска организација, ФИФА беше донесена одлука Светското првенство за жени во 2027 година да се одржи во Бразил.

Изборот на домаќин на Светското првенство за жени беше најважната точка на дневниот ред на Конгресот на ФИФА што се одржа во Бангкок. Земјите членки на ФИФА одлучија домаќинот да му го доделат на Бразил, кој со 119 гласа победи пред кандидатурата на Белгија, Германија и Холандија кои добија поддршка од 78 земји. Десеттото издание на женското светско првенство за првпат ќе се одржи во Јужна Америка, а титулата светски првак ќе ја брани репрезентацијата на Шпанија.

Конгресот го усвои и годишниот извештај за 2023 година, предлог-буџетот за 2025 година и измените на Статутот на ФИФА.

"ФИФА го финансира фудбалот ширум светот. Приходите што ги генерираме не одат за одреден број клубови, туку одат во сите 211 земји членки. Нашата мисија е да го развиваме фудбалот ширум светот, бидејќи 70 отсто од земјите членки не би имале доволен приход без придонес на ФИФА“, истакна претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.


Делегацијата на Фудалската федерација на Македонија ја предводеше претседателот Муамед Сејдини, потпретседателот Лазар Ракиџиев и генералниот секретар Наталиа Божиновска Илиевска. 




   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација